Волшебниот свет на Роулинг

Добредојдовте!

Добредојдовте на Potter7, македонска веб-страница посветена на светот на Хари Потер, создаден од британската авторка Џ. К. Роулинг. Оваа веб-страница е замислена како Лексикон за Хари Потер. Затоа што во Македонија, книгата не е преведена на соодветен начин, по толку сменети преведувачи и толку многу поими, имиња, кои подоцна беа менувани од следните преведувачи, и така станува еден општ хаос, и многу луѓе кои не ги разбираат странските јазици (англиски, хрватски, српски, бугарски и т.н.) на кои е преведен Хари Потер, не можат вистински да уживаат во делото, и во магичната приказна која ја плете овој неверојатен серијал од седум книги, два учебника и една книга со приказни за (волшебнички) деца.
Во првиот дел од серијалот, Хари Потер и Каменот на Мудроста, преведувачот Благородна Богеска-Анчевска ги преведува имињата на учениците кои ги презиваат да седнат на столчето и да бидат сортирани во некој од домовите, а првото девојче на списокот е Ана Ангелска. Ова е разбирилво, со цел да одговараат презимињата по редослед и на македонски јазик, но проблемот е што во петтиот дел, преведувачот Оливер Јордановски истата таа Ана, ја преведува како Хана Опат, а во некои наврати може да се прочита и како Хана Абот, што всушност е вистинското име на девојчето. Следната Сузана Бубеска, во петтиот дел станува Сузана Косковска, Редлов од вториот дел станува Загатковски во четвртиот, а во петтиот Редлов и Загатковски! Кој што не е запознаен со оригиналот, ќе разбере кој е кој? За волшебниците и вештерките кои се родени од волшебничко семејство, но немаат волшебнички способности, во вториот дел е употребен терминот „ќор-фишек“ додека во петтиот е заменет со „помагач“.
Ова е само дел од големите катастрофални грешки во преводот. Проблемот на Хари Потер е, тоа што, многумина не го сфаќаат сериозно. Лигвистите во Македонија, го немаат прочитано делото, а сепак зборуваат како да знаат се за него, а многу луѓе кога ќе биде споменет Хари Потер, реагираат во стилот: „Не сум дете! Зошто би читал/а Хари Потер?!“
Оваа страница е токму затоа, за да ви покаже дека Хари Потер е многу подлабок отколку што мислат некои луѓе, и дека тоа дело, ќе биде оставено за следните генерации, како што нам ни ги оставиле сестрите Бронте, Остин, Шекспир, Алигиери, Достоевски, Балзак, па дури и Агата Кристи.
Се надевам дека ќе ви се допадне страницата и дека ќе ја посетувате често.
Со најдлабока почит
TimmyYan





***
Дизајнот на сите корици на книгите, новите кованици за поими од книгата се направени или измислени лично од TimmyYan